Цевки од нерѓосувачки челик – INOX

ТИНГ-ИНОКС е фабрика за производство на цевки од нерѓосувачки челик – ИНОКС

Намената на нашите производи е за употреба во прехрамбената, хемиската индустрија како и во градежништво за декоративна употреба. Користиме секогаш прва класа матерјал со сите сертификати за квалитет во согласност со сите интернационални закони за нерѓосувачки челик.

Методот за заварување е со ТИГ постапка со три електроди во заштитна атмосфера на гас без додаток на матерјал. Должината е стандардна 6 метри , но може да се изработуваат и во должина по избор.

КРУЖНИ ЦЕВКИ
(Табела 1:Теоретска тежина по m во kg )

КВАДРАТНИ И ПРАВОАГОЛНИ ЦЕВКИ
(Табела 2:Теоретска тежина по m во kg )

Производите прикажани во табелите се произведени во согласност со Европските производствени стандарди за нерѓосувачки челици 1.4301,1.4306,1.4401,1.4404

ПОВРШИНА ОБРАБОТКА
Површините на обработка можат да бидат следниве:
Брусено во гранулации:80-120-180-240-320-500-600-800
Полирно во гранулации:320-400-500-600-800
Огледалесто полирано

ЛАБОРАТОРИЈА
Суровините и после финалниот производ –цевка се тестираат во наша сопствена лабораторија со сите неопходни инструменти за тестирање на физички и хемиски карактеристики
Со тоа ние го гарантираме квалитетот на нашите производи

ДИМЕНЗИОНАЛНИ ТОЛЕРАНЦИИ

Цевките се прилагодливи согласно барањата на димензионални толеранции наведени во стандардите
Во спротивно стандардните толеранции се следниве

УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ
Компанијата го има стандардот ISO 9001:2008 за управување со квалитетот во согласност со барањата на Европската регулатива
Сите производи се сертифицирани во согласност со PED 97/23/EU