Електрични и комбинирани бојлери од инокс

Претставување

Сторијата на Тинг-Инокс дооел е речиси неверојатна. Нејзиниот раст не е случајност туку плод на правилни одлуки, храбра визија и иновативни концепти ориентирани кон иднината. Како резултат на тоа се разви нов бренд ТИНГ ИНОКС – бојлер изработен од нерѓосувачки челик (инокс) кој е отпорен на корозија и воедно му дава неограничена трајност и заштита на казанот од протекување. ТИНГ-ИНОКС бојлерите се изработуваат со најсовремена технологија на заварување, испитани соодветно под притисок, изработени со квалитетни материјали со што се формира целина докажана со временската гаранција која не води пред конкуренцијата и ги надминува очекувањата на нашите купувачи. Истовремено ги исполнуваат сите хигиенски и еколошки стандарди. Надворешната обвивка на бојлерите може да биде изработена од нерѓосувачки челик (инокс), пластифициран лим и други современи материјали зависно од желбата на купувачот. Капацитетот се движи од 60 до 150 литри за бојлери со сериско производство, и од 200 до 5000 литри за поединечно производство по нарачка. Истовремено нудиме и само казани од нерѓосувачки челик со електричен грејач. ТИНГ-ИНОКС со цел да излезе во пресрет на потребите и желбите на купувачите нуди акумулациони комбинирани инокс бојлери со можност за загревање од соларна енергија или централно греење и само инокс соларни бојлери. ТИНГ-ИНОКС бојлер – бренд препознатлив како успешен спој на модерна технологија, високо квалитетни материјали и современ дизајн.