Референци

Пазарните потреби и индустриските достигнувања не стремат кон обликување на функционални производи со одличен квалитет и естетика. Нашата умешност и компетентност ја освоија довербата на многу компании во земјава и странство од кои би ги издвоиле следниве:

АД Витаминка-Прилеп
АНЕТА ДООЕЛ-Скопје
Брилијант-Штип
Галениус-Скопје
Геотерма-Кочани
ДИЕМ ГП-Гевгелија
Еземит-Штип
Имако Вино-Штип
ЈОМИ ФООД-Велес
ЛИОН-Свети Николе
Млекара Малеш- Смојмирово
Млекара Лактис-Свети Николе
Млекара Здравје-Куманово
Млин Миленков-Делчево
Млин Стојчев-Битола
Перлис Осијек-Хрватска
Тиквеш – Кавадарци
Harburg Freudenberger – Германија
ХЕБА Бујановац – Србија
Johnson Controls – Скопје
Johnson Matthey – Скопје

Дел од нашите производи се:

Млекара Малеш- Смојмирово
Проекирање изработка и монтажа на млекарата со капацитет од 1000 лит/ден

Млекара Лактис-Свети Николе
Монтажа на комплетна нова линија за проточна пастеризација, ладење и полнење на јогурт и пресно млеко
Изработка на дупликатори за производство на јогурт и кашкавал

Млекара Здравје-Куманово
Изработка на дупликатори
Проектирање, изработка и монтажа на комплетна линија за млеко
Проектирање, изработка и монтажа на резервоари за млеко

Еземит-Штип
Проектирање, изработка и монтажа на резервоари за вино

Тиквеш-Кавадарци
Проектирање, изработка и монтажа на резервоари за вино

ХЕБА Бујановац-Србија
Проектирање, изработка и монтажа на филтри за вода за пиење
Систем за дефлуоризација на минерална вода

Галениус-Скопје
Проектирање, изработка и монтажа на вакуум хомогенизатор
Двоглава механичка дозирка за креми и масти

Млин Миленков-Делчево
Проектирање, изработка и монтажа на опрема за хоризонтален и вертикален транспорт на жито
Силоси за жито

Johnson Controls-Скопје
Монтажа на челична потконструкција за носење на спуштен плафон
Монтажа на линија за течен азот

Johnson Matthey-Скопје
Проектирање, изработка и монтажа на опрема нерѓосувачки челик за нова производствена линија катализатори во автомобилската индустрија Вентилација
Технолошки линии

Harburg Freudenberger-Германија
Производство на опрема од нерѓосувачки челик за рафинирано масло за јадење

Млин Стојчев-Битола
Производство на опрема од нерѓосувачки челик за рафинирано масло за јадење
Инсталации
Технолошки линии

Геотерма-Кочани
Инсталација на длабинска потопна пумпа за геотермална вода
Филтер единица за реинекциона геотермална вода
Проектирање и изведба на подземен преднапрегнат поврзен цевковод за геотермална вода

Брилијант-Штип
Проекирање, изработка и монтажа на опрема од нерѓосувачки челик за производство на рафинирано масло за јадење
Добошасти изменувачи на топлина
Транспортна цистерна
Грејачи за топење на парафин
Рамки за филтри
Технолошки линии

ДИЕМ ГП-Гевгелија
Изработка на систем за греење и котлара
Репарација на вакуум испарувачи
Вакуум дупликатори за ајвар, слатко
Парни дупликатори за производство на ајвар, слатко и мармалад

АНЕТА ДООЕЛ-Скопје
Проектирање, изработка и инсталација на автоклав од нерѓосувачки челик за стерилизација на сувемеснати производи
Дупликатори за месо

АД Витаминка-Прилеп
Проектирање, изработка и инсталација на комбинирана пастер када за пастеризација на зеленчук
Машина за чоколадирање и глазирање на ситнозрнести и екструдирани производи
Дупликатори за чоколадо
Дупликатор за варење џем
Одржувачи за чоколадо, мармалад
Растопувач на растителни масти
Транспортни пумпи
Технолошки линии цевка во цевка
Миксер за мешање на јајца, лимонска киселина
Работни маси, Умивалници и др.

ЈОМИ ФООД-Велес
Проектирање, изработка и инсталација на комплетна линија за производство на печена конзервирана програма (ајвар, лутеница, мармалад) комплет од нерѓосувачки челик

ЛИОН-Свети Николе
Проектирање, изработка и монтажа на Хомогенизатори за производство на чоколадо
Противструјна хоризонтална мешалица
Сад за одржување на чоколадо
Предмешачи за чоколадо

Перлис Осијек-Хрватска
Проектирање, изработка и монтажа на комплетна линија од нерѓосувачки челик за производство на чоколадо со капацитет од 1000 кг+/смена

Имако Вино-Штип
Проектирање,изработка и монтажа на резервоари за вино

Johnson Matthey – Англија
Проектирање и производство на Сад за мешање

Johnson Matthey- Русија
Проектирање и производство на Сад со дупол плашт 1200l бр.2 и Сад со дупол плашт 2500l бр.1 изработени од нерѓосувачки челик INOX AISI 316