Историја

Компанијата ТИНГ-ИНОКС ДООЕЛ е лоцирана во Кочани, формирана е во 1990 година под името ТРГОИНЖЕНЕРИНГ за после 8 години од своето постоење да биде преименувана во нејзиното сегашно име ТИНГ-ИНОКС ДООЕЛ.

Нејзините почетоци се проектирање и инсталирање на термотехнички инсталации, санации на котлари, водоснабдување, челични конструкции и трговија со инсталациони материјали. Започнувањето е со 4-ица вработени кои со несебични залагања вршеја повеќе функции и ги поставија темелите на фирмата со инженерско работење, монтажерско и производствена дејност.

ТИНГ-ИНОКС Дооел е една од првите фирми во РМ за производство на опрема за прехрана, земјоделие, хемија… со што допринесува во развојот на целокупната економија преку потенцирање на домашниот пазар (домашно произведена опрема а не увозна зависност).

Одличната работа и посветеноста на вработените денеска ја претвори оваа компанија во едно успешно средно претпријатие кое има широк спектар на производи и околу 100 вработени.

ТИНГ-ИНОКС Дооел е меѓу првите формирани заштитни друштва во кое работат и опстојуваат, веќе 20 години, лица со посебни потреби за кои фирмата води особена грижа во поглед на нивна социјализација и еманципација.

Тинг-Инокс Дооел денес успешно ги задоволува потребите на пазарот во Македонија и надвор повеќе од 22 години.Претставува компанија за проектирање, изработка, инсталација и монтажа, специјализирана е за производство на Процесна Опрема во сегментите на Млечната индустрија, Кондиторската, Винарство, Фармација и Хемија, Изработка на производи со висока прецизност и други производи согласно барањата на клиентите.

Посветеноста во развивање на стратешки ориентирани решенија и достигнување на одлични резултати во сите сфери на делување овозможува задоволување на потребите и очекувањата на клиентите и крајните потрошувачи.

Постојано водиме грижа се што создаваме секогаш да биде дополнителен бенефит за нашите клиенти. На тој начин градиме партнерски релации кои им овозможуваат на нашите клиенти висококвалитетнии услуги и производи како и зголемена профитабилност.

Нејзиниот сензационален раст не е случајност, туку резултат на правилни одлуки, храбра визија и иновативни концепти ориентирани кон иднината.